Поранешниот разузнавач Маријан Ефремов, првообвинет во случајот „Шпион“ бил уапсен во Велес, информираше МВР.

На 16.08.2019 во 21.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош и СВР Велес на подрачјето на Велес го лишиле од слобода М.Е.(59) од Велес, за кого била распишана национална потерница за издржување на казна затвор по наредба од Основен кривичен суд Скопје. Обвинетиот се товари за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „злосторничко здружување“, „шпионажа“, „измама“, „прикривање“ и „уцена“. Тој бил приведен во Полициска станица Велес, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на казната затвор, велат од МВР.

Ефремов беше осуден на 10 и пол годишна казна, но во 2017 година добил прекин на казната заради лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.