Полицаец од Крива Паланка синоќа бил уапсен бидејќи во близина на кафеана пукал во воздух со службениот пиштол.

Во 01,10 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.,,Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот, информираат од МВР.

Подоцна полицаецот бил уапсен.

Подоцна од полициски службеници Т.Т. бил лишен од слобода, а кај него и во патничко моторно возило„Пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ кал.9мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал.9мм, една рамка со 30 куршуми кал.7,62мм и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати 2 испукани чаури кал.9мм за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.