Приведен е човекот којшто се закануваше на малолетно девојче дека ќе го силува.

Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, а во моментот кога комуницирал со девојчињата престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А. (63) во с. Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што му е одземен мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – велат од МВР за порталот А1он.

Вчера на Фејсбук страницата „Стоп педофилија“ беа објавени фотографии од вознемирувачката комуникација меѓу педофилот и 15-годишното девојче.

Тој во повеќе наврати ѝ пишувал пораки со недолична содржина, но не добил одговор од нејзина страна. Тоа дополнително го исфрустрирало, по што почнал да ѝ се заканува дека принудно ќе ја наведе на сексуален акт.

Срце многу си била тврдоглава, немој така, опушти се со мене, ќе играме, ќе стенкаш – се само дел од вулгарностите што педофилот му ги напишал на девојчето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.