Утринава е приведен велешанецот кој вчера пукаше во полицаец. Станува збор за триесет и три годишен маж, информираат од МВР.
Инцидентот се случил вчера во близина на гробиштата во Велес, откако полицаецот се обидел да го легитимира осомничениот и уште три лица, поради сомнеж дека се крадци.
Четворицата го нападнале полицаецот, а уапсениот му го одзел пиштолот и испукал 5 куршуми кон него, од кои 4 го погодиле во стомак, а еден во колено, но полицаецот не е во животна опасност
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.