Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 19.50 часот на улица „Димитрија Чуповски“ во Скопје привеле малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување разбојништво во продажен објект.

Одземениот промет веднаш бил вратен во касата, а од него бил одземен ножот со кој го извршил делото. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.