Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, вчера привеле малолетник, кој на подрачјето на Кавадарци извршил шест кривични дела – разбојнички кражби, тешки кражби и кражби, главно извршени во куќи.

Извршен е разговор со малолетникот во присуство на јавен обвинител, социјален работник, адвокат за деца и инспектор по детско престапништво. На сите места бил извршен увид, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.