Полициски службеници привеле скопјанец за крадење патничко возило со скопски регистарски ознаки.

Вчера во 14:45 часот на ул. „Крушевска Република“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т. (22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул. „Народни херои“ одзел патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Возилото било пронајдено и по консултација со Јавен обвинител било вратено на сопственикот – посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против Ф.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.