Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера во 09:45 часот во Неготино, полошко го привеле Н. Ќ. (31) од гостиварско Ѓурѓевиште, кој се сомничи дека извршил три тешки кражби во продажни објекти.
Н.Ќ. бил задржан во Полициската станица Гостивар и со него бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок – се вели во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.