СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против Д.А. (38) од с. Гарани, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Денеска (29.07.2021) во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево Д.А. бил лишен од слобода откако во текот на вечерта 28/29.07.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани и при претресот се пронајдени околу 600 грама хероин, стебла од канабис и други предмети – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.