Полициски службеници привеле скопјанец кој насилно влегов во градинка и одзел разни предмети, соопшти Министерството за внарешни работи.
Вчера во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.К. (40) од Скопје, поради сомнение дека претходно со употреба на сила влегол во градинка на ул.„Рокомија“ и одзел разни предмети. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото, а признал уште две кривични дела „тешка кражба“ и една „тешка кражба во обид“ во градинка. Од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопственикот – посочуваат од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.