Во угостителски објект кај Боговиње, на магистралниот пат Тетово – Гостивар, полицијата ноќеска привела седум лица поради сомневање за учество во кривично дело трговија со луѓе. Акцијата била спроведена од полноќ до еден часот.
Полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на магистралниот пат Гостивар – Тетово, сопственост на Х.А.(32) од тетовското село Боговиње. При контролата во објектот, освен вработените лица, биле затекнати и седум лица, од кои две македонски државјанки, три руски и две српски државјанки. Притоа, седумте лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициска станица Тетово, поради основано сомнение за кривично дело согласно член 418-а од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
На разговор во полициската станица бил повикан и сопственикот на објектот, информираат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.