Македонски граѓани, поради пасошката криза и рестрикциите во издавањето нови патни исправи, се принудени да откажуваат и туристички аранжмани, но и учество на деловни и спортски активности во странство.
Владата пред некој ден воведе рестриктивни мерки според кои МВР ќе ги издава последните околу 4.000 преостанати патни исправи, пред да дојде новата пратка од Германија која во земјава треба да стаса кон средината на март. Предност за новите патни исправи ќе имаат само оние со ургентни потреби – медицински или професионални.
Во Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека нудат бесплатно советување за сите засегнати граѓани кои ќе решат да го тужат МВР, кое според Законот за патни исправи е должно да им обезбеди лични документи на граѓаните, но и да ги обештети оние кои претрпеле материјална штета.
Според Хелсиншкиот комитет, согласно Законот за патни исправи на државјаните на Македонија, надлежност на Министерството за внатрешни работи е да води сметка за обрасците и постапката за издавање на патни исправи преку нивно уредување со подзаконски акти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.