Турски државјанин е уапсен вчера на Граничниот премин „Деве Баир“, откако на границата покажал „невистинити документи“ за приколка.
Вчера во 18:20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена проверка на Б.М. (60) од Турција, кој управувал товарно возило „Мерцедес“ со турски национални ознаки, било констатирано дека меѓународнaта зеленa картa за товарното возило и зелената карта за полуприколката што ги доставил на увид биле со невистинита содржина – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.