Едно лице е згрижено синоќа во гостиварската болница, откако претходно во неутврдени околности било прободено со нож. Според неофицијални информации на нападот му претходела расправија.
Според СВР Тетово, синоќа (19 февруари) околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, бил пронајден О.А.Х.(23) од Р. Турција со повреда од остар предмет.
Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Во 22.00 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ од слобода била лишена К.Д.(24) од Р. Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.