Три ЕР трактори од Дирекцијата за заштита и спасување се приклучија на Ј.П „Национални шуми“, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на отворен простор во месноста викана Ламја над село Горно Јаболчиште.

Како што информираа денеска од Центарот за управување со кризи теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока односно голосек со голема количина суви гранки и висока трева, а поради силниот ветер оганот бргу се шири кон висококвалитетна шима.

-Во моментов пожарот е локализиран, нема пламени јазици и чад но екипите работат на негово внатрешно гаснење, како и спречувањре на евентуална можноста за негово реактивирање, се наведува во соопштението од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.