Попладнево околу 18 часот во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.

Додаде дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.

Во јуни на истото место, во буре беше пронајдено телото на струмичанецот Ристо Иљашев, по кого семејството трагаше повеќе од еден месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.