Државата спие, трските сѐ уште горат. Со овој коментар на ФБ страницата VOX Struga, е објавено вчера ова најново видео од запалените трски долж крабрежјето на струшката ривиера, поточно крај патот Струга – Охрид.

Никој ништо не презема. ,,Шерифот“ на градот од ДУИ, Рамиз Мерко го продолжи овој градоначалнички мандат како и претходниот, со поттикнување на недозволени дејства по струшките плажи. Претходно со узурпација, поставување урбана опрема, градење и слично, сега со палење на трската за чистење на просторот за плажи и угостителски објекти. Министерство за транспорт и врски ја презеде надлежноста над плажите, но засега нема никаква конкретна реакција.

извор ако.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.