Додека е во притвор, 1ТВ му го префактурирала на Бојан Јовановски мебелот кој тој го набавил во телевизијата. Станува збор за трпезариска маса, кујна, гарнитури, соопшти денеска Управата за јавни приходи. Со ова дејство, 1ТВ му го продава на Јовановски овој мебел и тој е задолжен да го плати.
Ова е само еден детал од истрагите на УЈП во Меѓународен сојуз, БЈ медиа груп, 1ТВ и Томато доел. Од УЈП утврдиле дека за промоциите на концертите на Марија Шерифовиќ и Северина не се даночно чисти, односно се евидентирани како приходи а за нив не е платен данок.
(Извор – Фактор.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.