Полицијата приведе три лица во врска со запалениот автомобил на полициски инспектор во Берово што се случи во текот на вчерашниот ден.

Полициски службеници од ОВР Берово ги лишија од слобода О.Д., Б.К. и С.П., сите од Берово, во врска со опожареното патничко возило „пасат“, сопственост на Г.Р. од Берово, на паркинг простор на ул.„Младински кеј” во Берово, пријавено на 12.02.2021 околу 02.00 часот во Полициската станица Берово.

По извршениот увид од страна на полициски службеници на ОВР Берово и инспектори од СВР Штип, во координација со Јавен обвинител и со наредба од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во домовите на трите приведени лица и разговори со нив, при што појасниле дека извршител на кривичното дело е С.П. од Берово.

Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани, против С.П. ќе биде изготвена кривична пријава по член 292 од Кривичниот законик за „тешки дела против општата сигурност“ и ќе му биде одредена мерка притвор – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.