Тројца прилепчани му се заканувале на свој сограѓанин со огнено оружје, пукале во воздух и го нападнале во центарот на градот.
На 27.08.2021 во периодот од 03.20 до 03.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(31) ,В.Г.(30) и Б.Б.(24), сите од Прилеп, затоа што претходно на бул.„Гоце Делчев“, по кратка расправија, физички го нападнале В.Н.(28) од Прилеп, а еден од нив му се заканил со пиштол, по што испукал неколку куршуми во воздух и во земја.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.