Три лица се повредени, од кои две тешко, во несреќата што се случи вчера околу 13.35 часот на локален пат село Сарај – село Рашче.
Според МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(25) од с.Крушопек, скопско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О. од Гостивар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.С. и сопатникот во истото возило О.С.(23) констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила М.О. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.