Синоќа во 20.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(32) од Демир Хисар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Д.Е.(20) од Скопје.

Како што информираат од МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Е., а со телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило Љ.Е.(45) и возачот И.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.