Три лица се повредени откако патничко возило излетало од коловозот пред клучката Коњари.

Вчера во 11.10 часот на автопатот „Гоце Делчев”, пред клучка Коњари, скопско, патничко возило „БМВ” управувано од Б.П.(24) од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(47) од Штип, додека возачот и 17-годишна сопатничка од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје – стои во билтенот на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.