При судар на автомобил и запрежно возило во близина на Велес биле повредени три лица. Возачот на запрежното возило поминал најлошо и со тешки телесни повреди бил префрлен во велешката болница.
На 23.12.2021 околу 10:50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – исклучок за село Мамутчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од село Горобинци, светиниколско и запрежно возило, управувано од И.З.(75) од Велес.
Во несреќата И.З. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во запрежното возило С.У.(65) од Велес, возачот И.С. и сопатничката во неговото возило В.С.(74) од село Горобинци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес – информираат од МВР.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.