Три лица се повредени, од кои едно потшеко, откако вчера возило „опел астра“ излетало од регионалниот пат Куманово – Свети Николе, јави локалниот портал „Кумановски муабети“.
Од МВР велат дека вчера во 16.20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.