Вчера околу 10.30 часот на крстосница од ул.„Јустинијан Први“ со ул.„Славка Динкова“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(46) од с.Студеничани и патничко возило „фолскваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Студеничани.

Во незгодата, со повреди се здобиле возачот А.М. и шестгодишник, додека А.А.(30) од с.Студеничани се здобила со тешки телесни повреди, и двајцата сопатници во возилото „фолскваген голф“.

Повредите се констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредените биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.