Тепачката што ја предизвикале 18-годишници од едната страна и 25-годишен скопјанец од другата страна во кафе-барот „Жапон“ на „Рузвелтова“ била пријавена во МВР вчера околу 17.45 часот. Подеблиот крај го извлекол скопјанецот И.А. (25), кој е хоспитализиран во Ургентниот цетар во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Телесни повреди имале и Ф.Ј. и А.К., кои се хоспитализирани во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Во полицискиот билтен за случајот е заведено:

На 22.03.2019 година во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Франклин Рузвелт“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу: Ф.Ј. (18) од Визбегово, Скопско, и Е.Р. (18) од Скопје од една страна и А.К. и И.А. (25) од Скопје од друга страна. При пресметката  бил употребен и нож. Со тешки телесни повреди се здобил И.А. констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле Ф.Ј. и А.К. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Е.Р. и целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.