Во три одделни сообраќајни незгоди возачи на мотори изгубиле контрола над возилото, па излетале од патот при што се повредени.
Имено, во петокот, во 18 часот во село Визбегово, Скопско, Д.М.(34) од Македонски Брод, управувајќи мопед „Томос“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал надвор од коловозот. Д.М. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Истиот ден, во 19.05 часот на магистралниот пат Ќафасан-Струга, М.М.(26) од село Франгово, Струшко, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со швајцарска национална ознака, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во дрва покрај патот. Во незгодата, возачот М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.
Во саботата, пак, дваесет минути по полноќ, на регионалниот пат село Прдејци-село Негорци, Б.М.(16) од село Негорци, Гевгелиско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и излетал надвор од патот. По незгодата, возачот Б.М. бил пренесен во ЈЗУ-Гевгелија, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.