Вчераутро, А.Д. (48) пријавил дека завчера околу 16.00 часот во неговиот дом на улица „Браќа Чакреви“ во Скопје, Љ.Н. и други две непознати машки лица кои извршувале молеро – фарбарски услуги, му побарале 100 евра за капар, по што физички го нападнале и му одзеле телевизор, двд, звучници, пари и два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.