Полициската станица Гевгелија спровела рација во село Негорци, Гевгелиско, во средата вечерта и го лишила од слобода дваесетгодипниот Т.Ј. поради поседување херион.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, пихотропни супстанци и прекурсори“, од слобода бил лишен Т.Ј. (20) од село Негорци, гевгелиско. При претрес во неговото возило полициски службеници пронашле хероин и неколку предмети со отатоци на хероин, соопшти полицијата.

Вчера, пак, во текот на денот Полициската станица Струмица од слобода го лишила М.Н. (27) од Добрејци.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурсори“, од слобода бил лишен М.Н.(27) од село Добрејци, струмичко. При претрес во неговиот дом и простории, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле марихуана и 26 стебла од растението канабис.

Истиот ден полицијата упаднала и во домот на С.Н. (28) од истото село. При претресот биле пронајдена и одземена марихуана.

Лицата се лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.