Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција пресече уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што заплени околу 60 килограми марихуана и од слобода лиши три лица, албански државјани.

Ноќеска околу 01 часот на магистрален пат Струга – Ќафасан во близина на с. Франгово, при вршење контрола, затекнати се три лица К.Г. (56), Е.Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Република Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната.

Фото: MВР

Од страна на полициски службеници извршен е преглед на лицата и кај нив се пронајдени и одземени седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана.

Во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.