Едно лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајка е пренесено во болницата во Штип. Несреќата помеѓу три возила се случила на магистралниот пат Радовиш – Штип.

На 24.10.2019 во 13.30 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во населба ,,Дамјан“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(69), од с.Ињево, патничко моторно возило „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(60), од Струмица, и патничко моторно возило „опел вектра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од К.П.(32) од с.Војславци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Р. и бил пренесен во Клинички центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш – се наведува во полицискиот билтен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.