СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишен малолетник од Струмица, поради основано сомнение дека извршил 13 кривични дела тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани, соопшти МВР.

Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца на територијата на Струмица и населените места во Струмичко, во Радовиш и во Кочани. Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, посочуваат од МВР.

По комплетното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.