Состојбата на тригодишното дете, кое завчера се здоби со тешки повреди откако се урна терасата на кое седеше, сè уште е критична, дознава „Канал 5“. Детето е сметено на КАРИ, а неговиот татко и неговите браќа се пуштени од болница.

Несреќата се случила во средата, а на урнатата тераса седеле 23-годишниот Е.К. од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле. Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди. Полицијата работи на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.