Во текот на вчерашниот ден, две лица од Скопје пријавиле случаи со напади од кучиња скитини во главниот град.
Вчера околу 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С. (39) од Скопје пријавила дека завчера попладне на ул.„1613“, населба Ново Лисиче, нејзината тригодишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната подлактица и градниот кош.
Синоќа пак во Полициската станица Центар, С.Т. (61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16 часот на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.