Поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 и прописите за работно време, затворен е угостителски објект во Крива Паланка.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, синоќа при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Крива Паланка, полициски службеници констатирале дека угостителски објект на ул.„Коце Металец” работи по дозволеното време.
Во објектот биле затекнати триесетина гости, поради што на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен – се наведува во соопштението од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.