Притвор и отворање постапка за кривично дело, заработи лице кај кое е пронајдена марихуана.

Како што соопшти ОЈО, при претрес во домот на осомничениот во Кичево, на 20 септември, била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 107,74 грама спакувана во 15 зипер ќесички.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.