Вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Петровец – с. Огњанци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (34) од с. Огњанци, патничко моторно возило „Рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А. (63) од с. Огњанци и патничко моторно возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И. (52) од с. Огњанци.

Во незгодата со телесни повреди се здобил А.С., а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило А.А. (55) и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.