Во новата епизода на „Македонија пат повторно изненадени ќе гледате“: „Три сообраќајки за само три саати“. Во оваа епизода сум и јас еден од каскадерите, пишува Александар на „Ѕидот на сообраќајниот срам“.
Според информациите, на македонските патишта утрово се случиле три сообраќајни незгоди, па доколку возите на патот Кратово-Штип внимавајте на излезот од Пробиштип.
Непосредно пред бензинската бидејќи има вода која од фабрика истекува директно на асфалт и мрзне, а не се забележува наутро, предупредува Александар.
Тој додава дека час и половина пред тој да излета од патот, на истото тоа место некој со автомобил се превртил двапати и завршил на кров.
В меѓувреме додека чекав да дојдат по мене и додека полицијата ги успоруваше возилата за да не завршат како мене, еден со „БМВ“ на истото место почна де лево, де десно, де во едно „југо“, де во мојата кола… „Југото“ избегна некако, а овој се влечеше се влечеше и заврши на две метри од мене, во канал како и јас, раскажува Александар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.