Вчера околу 15 часот во Полициската станица Аеродром, А.Б. (30) од Скопје пријавила дека околу 15 часот во училиште на бул. „Видое Смилевски Бато“ била физички нападната од Б.А. (21) од Скопје.

Подоцна, во 18 часот во полициска станица, А.Б. пријавила дека околу 16 часот во истото училиште била физички нападната и од С.А. (57) од Скопје.

Исто така, во Полициската станица Аеродром, С.А. пријавила дека околу 16 во училиштето била физички нападната од М.Б. (37) од Скопје.

Според пријавеното, причина за физичките напади, се меѓусебни семејни недоразбирања. Случајот е расчистен и поднесени се прекршочни пријави за сите инволвирани по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.