Три пожари беснееја на територијата на Македонија.
Вчера во Полицијата во Струга било пријавено дека во шума во месноста Глобочица настанал пожар во кој била зафатена површина од околу два километри.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга и мештаните пожарот бил изгаснат.
Истиот ден во 18.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Кадино, во месноста Стари лозја настанал пожар на стрниште, при што биле опожарени околу три хектари лозови насади и родни дрвца.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна единица.
Во Македонски Брод било пријавено дека во селото Крапа, во месноста Орев, во близина на манастирот „Св.Илија“ настанал пожар, при што била опожарена сува трева и високостеблеста дабова шума.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод пожарот бил локализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.