Најкрвавиот викенд ја затвора и онака црната 2018 година во Република Македонија.
Дваесет и петгодишно момче во петокот, на 28 декември, изгоре во пожар во сервис за мопеди на улицата „Јордан Мијалков“.
Вечерта, пак, убиство во Ѓорче Петров.
Триесет и осумгодишен скопјанец е лицето на кое му беше пукано во главата од непосредна близина.
Саботата осамна со ново убиство. Овојпат во Прилеп. Прилепчанец за заклал партнерката пред очите на нејзиното десетгодишно дете.
Крвавата сабота завршува уште покрваво. Сопственик на кафеана во Кичево бил избоден до смрт во својот локал.
/https://republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-svirepoto-ubistvo-shto-go-potrese-kichevo/
Викендов го обележаа и голем број на сообраќајќи, со неколку повредени лица. Во една од несреќите имаше и човечка жртва.
На автопатот Гостивар -Тетово, кај Дебрешки надвозник, се случи сообраќајна незгода во која автобус со гостиварски таблички усмрти пешак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.