Секторот за внатрешни работи – Охрид соопшти дека викендов во водите на Охридското Езеро се случил инцидент со потонување на педалинка, кој за среќа минал без настрадани.
Случајот го пријавиле три млади лица од Гостивар кои се разладувале на 30-тина метри од брегот на езерото и успеале да се извлечат од неприајтната ситуација.
Момче на 21-годишнa возраст од Гостивар пријавило дека педалинката што заедно со уште две лица од неговиот град ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото, почнала да тоне. Притоа, двете лица испливале на брегот, а лицето што го пријавило случајот во полиција со помош на друга педалинка што била во близина се спасило и било префрлено на брегот.
На местото на настанот е извршен увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници за натамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.