Возач на трактор и две лица сопатници на возраст од 18 и 17 години се поврдени во сообраќајка која се случила вчера на патот Градско-Прилеп.

Од МВР соопштија дека во 20:40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ без регистарски ознаки, управуван од Д.М.(31) од Прилеп и товарно возило „фиат дукато“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К.(48) од Прилеп.

Во незгодата, возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.М.(18) и уште еден сопатник на возраст од 17 години, констатирани во Градската болница Прилеп, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош, се истакнува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.