Вистинска животна голгота преживуваат последниве три месеци Љупчо и Слободанка Цековски од Крива Паланка. Со солзи во очите пред камерата на „Алфа“ велат дека на 18 март дознале дека нивниот син Ивица Цековски е пронајден мртов во парк во Скопје, а до ден денес не знаат која е причината за смртта. Единствено што знаат е дека станува збор за насилна смрт.
Помалиот син го подигнал телото и е пратено во државна болница, само му дозволил ликот, надоле не му е дозволено да види. Дали е прострелна рана, убодна рана или тепање. И телефонот извадена сим картичката и мемориската картичка, вели Љупчо Цековски.
Цековски се сомневаат дека некој сака нешто да сокрие за нивната голема загуба.
Целата сторија на „Алфа“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.