Помлада жена е тешшко повредена во сообраќајката што се случила вчера во 09,45 часот на магистралниот пат А-4 Струмица- Ново Село на делница од с.Босилово до с.Турново.

Според информациите од МВР, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(34) од с.Иловиа, и паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на З.С.(45) од с.Костурино во кое сопатник бил Р.С.(55) од с.Костурино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.С. констатирани од доктор во Јавна здравствена установа Струмица. Сите учесници во незгодата се пренесени во Јавна здравствена установа Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.