Вчера околу 04 часот по полноќ, од слобода бил лишен 46-годишник од Чегране, кој се барал по судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материии“.
Лицето е предадено на службеници во КПУ Идризово, информира МВР.
Во четвртокот пак околу 22 часот, исто така во Чегране, биле лишени од слобода двајца млади на возраст од 18 години од Чегране и Форино, кај кои полициски службеници проначле и одзеле марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.