Вчера попладне, три лица биле уапсени откако кај нив полицијата пронашла екстази, а едно од лицата ги проголтало таблетите и бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“, пренесуваат од МВР.

На 01.03.2020 во 17.30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при нивен и преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени таблети екстази. Двете женски лица биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека М.Д., кој во меѓувреме ги проголтал таблетите, бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош“, додаваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.