На 01.11.2019 во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од булеварот „АСНОМ“ го лишиле од слобода Д.Д.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден, во 19.10 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле А.Ц.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 31.10.2019 во 21.40 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Козле“ го привеле С.А.(28) од Гевгелија, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.