Во текот на вчерашниот ден, околу 21 часот полицајци во Тетово лишиле од слобода три лица поради пријавено разбојништво во текот на денот.

Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Е.(18) од Палатица, А.Ј.(24) и Ј.З.(23) од Тетово, поради сомнение дека околу 16.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, извршиле разбојништо над 19-годишниот тетовец Л.Р. Тие физички го нападнале Л.Р. и му одзеле и пари – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.